1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

ФИФА: Германски Гол Контрол ќе ја лиферува новата техника за голови

ФИФА одлучи претпријатието Гол Контрол од Вирзелен, Германија, да биде официјален доставувач на техниката која ќе биде монтирана на гол-линијата и ќе го известува судијата дали топката била во голот или не.

Ваквата техника треба првпат да биде употребена на Купот на Конфедерации во Бразил, кој се одржува од 15 до 30 јуни. Гол Контрол (GoalControl GmbH) е избран по строга постапка на одлучување, а во конкуренција беа уште три претпријатија.

Системот на GoalControl се заснова на 14 камери. Позицијата на топката постојано се снима во три димензии. „Веднаш штом топката комплетно ќе ја мине линијата на голот, системот испраќа за помалку од една секунда кодиран сигнал до часовникот за прием што го носи судијата“, ја опишува претпријатието својата техника.

Доколку системот даде задоволителни резултати во Бразил, тој ќе биде употребен и на светското првенство наредната година.

Одлуката на ФИФА за употреба на ваква техника беше донесена по долги дебати во јули 2012 година. УЕФА се‘ уште се потпира на системот на двајца асистенти на гол-линијата. Во германската Бундеслига ваков систем на камери би можел да биде воведен дури во 2015-16 година.