1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

ФИФА – Блатер реизбор

Јозеф Блатер е избран за уште еден четиригодишен мандат на чело на Светската фудбалска асоцијација ФИФА. 71-годишниот Швајцарец беше избран со акламација на конгресот на Асоцијацијата. Против кандидати немаше.

“Сега сум избран и можете повторно да напаѓате колку што сакате. А ако некои од новинарите или колегите мислат дека ова не е исправна одлука, тогаш мораат да ги прашаат 207-те од вкупно 208 спортски сојузи дали биле толку глупави да ме изберат без против гласови“ - порача борбено Јозеф Блатер по изборот.

Германецот Франц Бекенбауер беше избран како член на Извршниот комитет.