1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Фитнес со бебиња

Носењето на бебето во посебна шамија обвиткана околу телото на мајката овозможува нејзино слободно движење, па дури и спортување.

Бебето прицврстено, рацете слободни. До десет килограми жив товар се стандардно дозволено оптоварување на курсот по нордиско пешачење кај Михаела Фриш-Винкелбајнер.

Таа во округот Швебиш Хал ги учи мајките на вештината да ги носат бебињата завиткани во шамија обвиткана околу телото на мајката. По бременоста многу жени сакаат повторно да бидат фит, а бебето притоа секогаш да е со нив.

„Значи, шамија за носење бебе значи слобода, слобода родителите едноставно да се движат непречено“, вели Михаела Фриш-Винкелбајнер.

Носењето бебе во шамија треба да се научи. Се вежба со кукла и околу шест метри штоф. Постојат различни техники и бројни варијанти. Двократната мајка веќе поминала курс за инструкторка за користење шамија за носење бебиња.

„Бебињата вака се движат заедно со родителите, тие се дел од секојдневието, не се оставени некаде во креветче или на подот, а на многу деца едноставно им е потребна оваа близина“.

Mutter mit Kind

Сеедно за која животна ситуација, 28-годишната жена ја знае перфектната положба за бебето: на колкот опуштено за кратко купување низ продавници, или пак цврсто врзано при спортување.

И при фитнес се користи шамија за носење бебе. Во Германија популарниот вид канга се ориентира според пример од животинскиот свет. Терминот канга доаѓа од кенгур. Со правилна техника на носење може да се стартува веќе неколку месеци по раѓањето на бебето.

„Канга-тренингот е вид фитнес програма за мајки со бебиња, нешто посебно, зашто во спротивно човек мора некаде да го остави бебето, а вака го има со себе. Може да се види, бебињата се сосем опуштени и спијат, а мајката може да направи нешто за себе“, вели тренерот за канга, Рабеа Трумп.

Значи, се‘ е прашање на техника, за мајките и децата да можат заеднички да уживаат.