1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Финансискиот свет може да здивне

Американскиот Конгрес го одобри пакетот за спасување на финансиската бранша, тежок 700 милијарди долари. Претседателот Џорџ Буш, веднаш потоа, стави потпис на текстот и тој стапи во сила.

default

Американскиот Конгрес

Вториот обид беше успешен. Со 263 гласа „за“ наспроти 171 глас „против“, американскиот Конгрес го одобри спасувачкиот пакет за финансискиот сектор. Мнозинството пратеници го прифатија аргументот дека недонесувањето на спасувачкиот пакет ќе ја влоши драматично ситуацијата во САД и ќе има негативни последици за сите граѓани. Непосредно по изгласувањето на законот за пакетот мерки за спасување на финансиската бранша, американскиот претседател, Џорџ Буш стави свој потпис на текстот, со што тој стапи веднаш во сила.

Што предвидува пакетот мерки?

Кај пакетот мерки, во суштина, се работи за тоа дека државата во иднина ќе може на банките кои се во неволја да им ги откупи „гнилите“ кредити во висина до 700 милијарди долари. За пакетот мерки да биде поатрактивен за пратениците и за тие да бидат привлечени да го дадат својот глас „за“ , со текстот се предвидени и даночни олеснувања за средниот слој, во висина до 100 милијарди долари. Освен тоа, гаранцијата за приватните банкарски конта и за малите претпријатија, сега изнесува 250 илјади долари, а не како што првично беше предвидено - 100 илјади.

Американскиот претседател, Буш, смета дека планираните мерки ќе им помогнат на американските граѓани да ја преживеат „финансиската бура“: „На светот му покажавме дека САД ќе ги стабилизира финансиските пазари и ќе ја задржи водечката улога во глобалната економија“, рече Буш.

Бројот на невработени расте

Дека на американската економија, во моментов, не и‘ оди добро, покажуваат и најновите податоци за бројот на невработени - во минатиот месец во САД бројот на невработени се зголемил за речиси 160 илјади, односно значително повеќе од очекуваното. Тоа е најголемо зголемување на бројот на невработени во последните 5 години.






DW.COM