1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Финансиска реформа во најава

Со најавената најобемна реформа за последните 70 години претседателот Барак Обама сака „да ја поттикне иновативноста и да ги придуши злоупотребите“. Обама синоќа и’ ги претстави своите планови на јавноста.

default

Барак Обама

Барак Обама не остави сомнение во тоа дека намерите му се големи. Со најголемата реформа на финасиските пазари од светската економска криза во 1930 година, Обама, според сопствените зборови, сака да и’ стави крај на „културата на неодговорност“ - на Вол стрит, во Вашингтон и кај граѓаните. Тој им најави борба како на алчноста на пазарите, исто така и на недоволниот надзор од страна на државата. Една од најважните точки на планот предвидува подобрување на надзорот - досега надлежните власти вршеа контрола на поединечни фирми или сегменти на пазарот, но не и на целиот пазар. „Тие ги гледаа дрвјата, но не и шумата“, рече претседателот Обама.

Рано препознавање на можните ризици

Во иднина треба емисионата Фед-банка и еден нов регулаторен совет да ги надгледуваат речиси сите области од финансискиот свет, за рано да бидат осознаени можните ризици. Големи фирми, релевантни за целиот систем, ако западнат во тешкотии, можат да бидат преземени и ликвидирани. За банките ќе бидат поставени многу потесни гараници за ризикот до кој смеат да одат во зделките, од Хеџ-фондовите, за кои досега речиси и немаше регулатива, ќе се бара поголема транспарентност.

За да се подобри заштитата на потрошувачите, ќе бидат востановени нови власти, кои ќе поставуваат правила за паричните зделки и нив ќе ги контролираат. Целиот систем на кредити и хипотеки треба да биде потранспарентен - клиентот треба на прв поглед да види што потпишува, а не да се загуби во шума од формулари. „Потрошувачите ќе добијат јасни, разбирливи и прецизни информации. Тие ќе можат да ги споредуваат продуктите и да видат што е најдобро за нив“, вети американскиот претседател.

Финансиските либисти најавија отпор

Иако реформите ќе значат значително зголемување на компетенциите на владата, Обама нагласи дека е поборник на слободните пазари и е сигурен дека јасните правила и поголемата транспарентност ќе водат до подинамичен пазар.

Предлозите на Обама радикално би го промениле американскиот финансиски пејсаж, но тие се малку ублажени, оти тој е свесен дека за нив му е потребна согласност од Конгресот. Нема да му биде лесно ни во Претставничкиот дом на Конгресот, ниту во Сенатот. Финансиските лобисти веќе најавија жесток отпор. Затоа, реформата може да уследи најрано на крајот од годинава.

Автор: Сабине Милер / Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM