1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Финансиска криза: Г7 договорија заеднички мерки

Седумте водечки индустриски земји договорија заеднички план за надминување на глобалната финансиска криза. Со сите расположиви средства ќе биде спречувано пропаѓањето на големите банки, изјавија министрите за финансии и директорите на емисионите банки на државите од Г7 по средбата во Вашингтон. САД, Јапонија, Германија, Велика Британија, Франциа , Италија и канада се едногласни дека сегашната ситуација бара итни и невообичаени мерки. Целта е стабилизирање на пазарите, повторно воспоставување на кредитните токови и поттик на глобалниот економски развој, се вели во усвоениот документ на Г7. Германскиот министер за финансии, Пеер Штајнбрик е речиси сигурен дека сега ќе дојде до смирување на пазарите. Германија на претстојниот утрешен кризен самит на европските земји во Париз ќе понуди спасувачки пакет мерки.