1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Финансиската криза ја стигна и Русија

Финансиската криза започна во САД, но нејзините последици се проширија како некој цунами бран низ целиот глобус. Како се почувствува таа во Русија?

default

Берзата во Москва

Пред десет години рускиот јазик беше збогатен со зборот Дефолт, банкрот. Овој финансиски израз наеднаш го знаеја сите во Русија, зашто милиони луѓе во август 1998 година ги загубија своите заштеди поради банкротот на државната банка и падот на вредноста на рубљата . Сега во медиумите се поставува прашањето, дали ни се заканува нешто слично? Зашто, турбуленциите на меѓународните пазари на капитал и Русија ја втурнаа во една од најтешките финансиски кризи во последната деценија.

Падот на акциите предизвика затворање на берзите

Овој пат ликвидноста на државата не е доведена во прашање. Благодарение на енормните приходи од извозот на нафта, гас, метали и други суровини, Русија во

Russland Börse Versteigerung von Yukos in Moskau

Финансиските трансакции запреа

меѓувреме спаѓа во државите со најголеми девизни резерви во светот. Но, падот на акциите минатата недела зеде толкави размери, што властите два дена по ред ги затворија двете најважни берзи во Москва. Третиот ден берзите беа отворени, но некои акции беа повлечени заради вртоглавиот пад.

И покрај ова, заменикот претседател на т.н. Комисија за исток на германската индустрија, и поранешен шеф на Е.ОН Буркард Бергман со опуштенoст глeда на ситуацијата во Русија:

„Прво, основните економски показатели во Русија не се променети. Важно е што сега дојде до значителна корекција на курсот на акциите, но тоа има врска и со нивниот преголем претходен скок. Цената на барел нафта падна на 90 долари, но тоа не е ништо драматично. Донеодамна Русија беше задоволна од цената на ова ниво.“

Стабилизирање на рускиот пазар

Во меѓувреме цената на нафтата повторно порасна , на 105 долари, што дополнително придонесе за стабилизирање на рускиот пазар на акции. Претставникот на германската економија во Русија, Михаел Хармс смета дека всушност има позитивни работи во берзанскиот шок во Москва. Во разговор за руската програма на Дојче Веле тој изјави:

„Мислам дека оваа корекција може да биде многу здрава за целиот руски систем. Луѓето овде сега пореално ќе ја проценуваат ситуацијата, што ќе се одрази и врз реалноста на проектите.“

Кризата на московските берзи не е сосема надмината. Масивното повлекување на странските инвеститори од рускиот пазар на акции не е предизвикано само од нивната потреба за свежи пари. За бегството на капиталот придонесоа и вербалните напади на рускиот премиер Владимир Путин врз концернот за производство на челик и јаглен, Метшел, а пред се‘ вооружениот конфликт во Грузија. Тоа предизвика значително заладување на односите со запад. Москва долго ќе мора да чека на рекорден раст на акциите како оној пролетоска.

DW.COM