1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Финансиската криза во фокусот на АСЕМ

Во Пекинг започнува самитот на азиско-европските земји, АСЕМ. Глобалната финансиска криза е главната тема на којашто ќе разговараат, над 40 шефови на држави и влади од Европа и Азија.

default

Првиот човек на ЕК, Барозо одржа брифинг со новинарите пред почетокот на самитот

Финансиската криза, во моментов е тема број еден во светот. Таа е во фокусот и на самитот на азиско-европските земји, АСЕМ кој денеска почнува во Пекинг. Всушност високо на агендата требаше да бидат сосема други теми, но во светло на финансиската криза поставивме поинакви приоритети, изјави претседателот на Европската комисија Барозо во Пекинг. „Треба да се справиме со големи предизвици, кои не познаваат граници и се глобални. Тоа е финансиската криза. Ниту една земја, без разлика дали е во Европа или Азија, не може да се однесува као да е имуна на ова што се случува. Потребен ни е координиран одговор. Работата е сосема едноставна: или ќе пливаме заедно, или заедно ќе се удавиме.“

Последиците од кризата се чуствуваат и во Кина

И домаќинот на самитот, Кина е погодена од глобалната финансиска криза. Намален е извозот, успорен е економскиот раст, почнаа да се затвораат фабрики, илјадници луѓе останаа без работа. Целта на Кина е да ја задржи стабилноста во земјата. Домашниот пазар треба да се зајакне за да не колабира економијата. „Имаме доволно резерви и потенцијал за да го постигнеме тоа“, постојано смирува владата.

Angela Merkel Ankunft zu Asem Gipfel in Beijing China

И германската канцеларка Меркел учествува на самитот на АСЕМ

Кина е подготвена со останатите земји заедно да работи во справувањето со финансиската криза.

АСЕМ е место за размена на идеи

На самитот на АСЕМ, на кој учествуваат над 40 шефови на држави и влади од Европа и Азија нема да бидат донесени заклучоци. Оваа средба се користи за размена на идеи. Покрај финансиската криза, на дводневниот самит ќе се разговара и за останатите теми кои претходно беа планирани да се најдат високо на агендата: енергетската политика, заштитата на животната средина и борбата против климатските промени. Ќе стане збор и за темата - трговија. Многу европски земји повторно се жалат на несоодветните трговски ограничувања и преплавувањето на пазарите со ефтини производи. Најголем дел од овие жалби се однесуваат на Кина. Серж Абу, амбасадорот на ЕУ во Пекинг, затоа се залага за нов,подобрен и преработен трговски договор меѓу Брисел и Пекинг.