1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Финансиската криза во САД предизвика турбуленции на берзите

По европските, и на азиските берзи е забележан пад на акциите како последица на турбуленциите во американскиот банкарски сектор. Според германските експерти нема простор за паника, но потребна е претпазливост.

default

Пад е забележан на сите берзи

Јапонскиот индекс НИКЕИ падна за повеќе од 4 проценти, а индексот на берзата во Јужна Кореја за 5,5 проценти. Јапонската централна банка инјектираше сума од над 14 милијарди долари на пазарот на пари, за да се спречи поголема штета. Во светло на најновите турбуленции во американскиот банкарски сектор, министерот за финансии Хенри Полсон побара да се задржи довербата во американскиот банкарски систем.

„Работиме во многу тежок период за нашиот финансиски пазар, но сме работеле и во други вакви тешки ситуации. И покрај ова американскиот народ може да има доверба во нашиот финансиски систем и неговото заздравување,“ рече Полсон додавајќи дека американските граѓани може да им веруваат на своите банки и дека нивните конта се безбедни. Се огласи и американскиот претседател Џорџ Буш:

„Работиме на тоа да се намалат штетите и влијанието на оваа криза врз развојот на пошироката економија. На краток рок тоа може да биде болно, и за луѓето коишто имаат инвестиции и за оние коишто работат во погодените компании. Но, на долг рок уверен сум дека американската економија е доволно здрава за да може да го издржи ова“.

Во Германија будно се следи ситуацијата

Според германското министерство за финансии, Сојузната банка и Сојузната служба за финансиска контрола, Бафин, за сега нема основа за претерана грижа.

Deutschland Frankfurt Bundesbank Gebäude

Германската Сојузна банка

„Учеството на германскиот кредитен институт во Леман Брадерс се ограничени и може да се издржи“, се вели во нивното заедничко соопштение. Бафин и Сојузната банка се во постојан контакт со своите меѓународни ресорни партнери и со врвните луѓе од германското кредитно стопанство. Будно го набљудуваат развојот на настаните. Портпаролот на министерството за финансии, Торстен Албиг смирува но и предупредува:

“Секако ова може да има влијание врз стопанскиот раст кој е пак важен фактор во буџетот. Се наоѓаме во криза којашто се уште не е надмината. Ситуацијата треба сериозно да биде земена в предвид, но сепак ќе нагласам се работи за криза во Америка.“

И Михаел Шредер од Центарот за европски економски истражувања во Манхајм смета дека германсите финансиски институти нема силно да бидат погодени од најновите турбуленции од САД.

„Најинтересно што произлегува од оваа криза е дека можните штети од финансиските турбуленции може да бидат поголеми во блиска иднина отколку што до сега се мислеше. Можно е во следните месеци да следат нови банкроти на банки, и тоа главно во САД. Сметам дека оптимизмот којшто се пројави во изминативе недели -дека најлошото поминало - бил погрешен,“ проценува експертот Шредер.

Трише: потребна е претпазливост

И претседателот на Европската централна Банка, Жан Клод Трише повика на претпазливост. „Ценовната стабилност е предуслов за финансиска стабилност“, рече Трише во Франкфурт.

Jahresrückblick 2008 International September USA Wirtschaft Lehman Brothers Hauptgebäude in New York

Централата на Леман Брадерс во Њујорк

Инаку турбуленциите ги предизвика банкротот четвртата по големина инвестициона банка Леман Брадерс. Истовремено Бенк оф Америка најави преземање и на третата по големина инвестициона банка во земјата, Мерил Линч. Зделката според информациите ќе изнесува 50 милијарди долари во акции. И еден од најголемите концерни за осигурување во светот, AIG објави дека продава дел од филијалите, поради итната потреба од свеж капитал. Поради кризата, Централната американска банка најави мерки за заштита на финансиските пазари. Десет големи меѓународни банки, меѓу кои и Дојче Банк, планираат да основат фонд за помош во вредност од 70 милијарди долари.