1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Финансирање на обвинетите во Хаг - симболичен и скап чин?

Иако Хашкиот трибунал од ОН добива средства за финансирање на трошоците на лицата кои се во притвор во Шевенинген, сите држави во регионот, по претпоставка за невиност, ги помагаат своите државјани обвинети пред овој суд

На информацијата дека Владата на Република Српска одлучила на лицата од Република Српска кои се наоѓаат во притвор во Хашкиот трибунал да им испрати помош од 100.000 конвертибилни марки, известувачот за БиХ во Европскиот парламент, Дорис Пак, за ДВ оценува дека во прашање е „политичка порака“, со која Република Српска сака да ја изрази својата посебност во однос на останатиот дел од БиХ.

Doris Pack Abgeordnete Europaparlament

Дорис Пак

„Република Српска веројатно мисли дека е толку богата да може да троши пари на луѓе кои се добро згрижени во Хашкиот трибунал и кои живеат многу подобро отколку некои луѓе во Република Српска и Босна и Херцеговина. Јас не мислам дека им се потребни пари од Република Српска. Во прашање е симболичен, но скап чин, бидејќи тие пари се потребни за буџетот. Видов многу сиромашни и во РС и во БиХ и би требало парите да се чуваат за работи кои се повеќе од интерес на граѓаните“, смета Пак.

ОН издвојува буџет за финансирање на обвинетите

Во Хашкиот трибунал за ДВ објаснуваат дека секоја земја одлучува „што и како“, односно во која мерка ќе поддржува разни аспекти од трошоците на своите граѓани кои се наоѓаат во притвор. Трибуналот не навлегува во тоа, но нагласува дека потребите на Меѓународниот суд, како и „целосно финансирање на трошоците на обвинетите“ се обезбедени од буџетот на ОН. Меѓу останатите трошоци на обвинетите, се вбројуваат и трошоците, на пример, за правна помош, објаснува за ДВ Магдалена Спалинска од прес-службата на Трибуналот во Хаг:

„Од една страна на притворениците им се пружаат низа бесплатни услуги и активности, како што се здравствена заштита, работна терапија, услови за подготвување на одбраната, сметачка опрема, образовни курсеви, спортски активнсоти и исхрана. Исто така, тие добиваат џепарлак за помали трошоци“.

Во Трибуналот во Хаг не можеа да прецизираат која сума е обезбедена од страна на ОН за трошоците за обвинетите, но велат дека „сите добиваат исто“ и дека буџетот е резултат на детални консултации на Трибуналот и ОН: „Што се однесува до трошоците за правна помош во овој момент тие претставуваат повеќе од десет отсто од буџетот на Трибуналот. Во текот на претходните години на повеќето обвинети им беше одобрена и комплетна правна помош, заклучно со февруари годинава. Од вкупно 133 обвинети, 81 лице примија комплетна правна помош, 39 делумна, а 10 не побараа никаква правна помош“, наведува Спалинска, додавајќи дека обвинетите треба да докажат „слаба имотна состојба“ односно неможност да ја платат одбраната.

Jelko Kacin

Јелко Кацин

Кацин: постојат други приоритети во БиХ

Наведувајќи дека и Хрватска и Србија по претпоставка за невиност на своите државјани одведени во Хаг финансиски им помагаа, известувачот за Србија Јелко Кацин вели дека во дадениот случај треба да се занимава „само БиХ, а не поединечни ентитети“ и додава: „Мислам дека БиХ има многу други приоритети на кои би можела да ги потроши тие пари. Ако не поинаку, тогаш на формирање на некој комитет за изработка на заеднички учебници за историја, или за РЕКОМ (Регионален комитет за истрага и обелоденување на фактите за воените злосторства во поранешна Југославија, н.з.) и помирување во регионот. Тоа би било могу подобро и поефикасно за иднината на БиХ и нејзините граѓани“.