1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Финаниската криза се продлабочува?

По новата криза на американскиот пазар која предизвика берзански турбуленции, денеска се очекува нова финаниска инекција од Американската централна банка. Додека во САД расте загриженоста, властите во Берлин смируваат.

default

Инвеститорите будно ги следат берзанските движења

Црвената боја е најзастапена на берзата во Њујорк. По првичните часови од тргувањето во понеделникот исполнети со нервоза берзанските индекси, Стандард, Пур и Насдак паднаа. Краткотраен беше растот и кај индексот Дау Џонс: по првичните добивки на крајот берзата затвори со едвај 0,2% плус. Финансиската берзанска криза достигна нов највисок степен. Сенаторот од Њујорк, Чарлс Шумер беше видно вознемирен во изјавата за Си ен би си.

„Сведоци сме на паника на пазарот слична на онаа кај банките којашто се појави кон крајот на 20 години од минатиот век во времето на економската депресија. Довербата е многу важна работа. Тоа е многу поважно од квалитетот на една акција и се надевам дека потегот на централната банка ќе ја засили довербата кај другите инвеститори“.

На потег е Американската централна банка

Денеска се очекува Американската централна банка да стави нова финансиска инекција и да ги намали основните банкарските камати, најмалку од 3,50 на 3,25 проценти, а можно е да паднат и за 1%. Тоа би било најниско ниво од 2004 година. Ова е јасен знак дека ситуацијата е сериозна. Причина за најновата криза е објавата на компанијата Морген Чејс дека ги продава акциите на банката Беар Стернс за 2 долари за акција. Тие во петокот чинеа по 30 долари. Ова предизвика потрес на берзите во светот.

Официјален Берлин смирува

Сепак германското министерство за финансии ја смирува топката и вели дека црниот берзански понеделник не остава простор за паника. Оптимисти се и водечките економски експерти, кои беа дел од анкетата на оваа тема, спроведена од економскиот магазин Капитал. Една од анкетираните, Ренате Кохер од Институтот за демоскопија,смета дека во вакво време речиси сите задржале студена глава.

„Во глобала, овде менаџерите се смирени и сметаат дека ова нема многу да ја погоди Германија. Најинтересно е стопанството кое вели дека ова нас малку не погодува. Мислам дека овде работите мора да се гледаат во контекст на побарувањата од германските фирми. За сега работите стојат добро, бидејќи поголемиот дел од нив имаат долгорочни договори за производство. Тоа секако делува стабилизирачки на состојбата во стопанството“.

Но, прашањето е до кога. Со оглед на зачестените турбуленции на светските берзи, Кохер стравува дека расположението може да се промени. Сепак, германските економски експерти се согласни во едно: финаниската криза не е надмината.