1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Финале на Ролан Гарос: Ѓоковиќ против Надал

Новак Ѓоковиќ денеска (10.06) во финалето на Отвореното првенство на Франција игра против Рафаел Надал. Во женска конкуренција вчера титулата ја освои Марија Шарапова.

Рафаел Надал попладнево ја брани титулата на Ролан Гарос. Доколку победата ја однесе Новак Ѓоковиќ, тој би станал актуелен шампион на сите четири грен слем турнири.

Вчера, во финалето во женска конкуренција, победи руската тенисерка Марија Шарапова. Русинката не и‘ остави никакви шанси на аутсајдерот во мечот, Италијанката Сара Ерани - победи со 6:3 и 6:2 по сетови. Титулата за Шарапова

Tennis French Open 2012 Maria Sharapova

Марија Шарапова на колена по мечот во Париз

на овогодишниот Ролан Гарос уследи по освојувањето на Вимблдон во 2004. година, Ју-Ес Опен во 2006. и Аустралијан Опен во 2008. година. Со тоа таа стана четврта жена која ги има освоено сите четири најголеми турнири.

„Мислев дека освојувањето на Вимблдон, кога имав 17 години, ќе ми биде најдраг момент во кариерата. Но кога денес паднав на колена, сфатив дека е ова многу посебен момент и повеќе од тоа“, изјави Шарапова вчера во Париз.

Русинката на наредната ранг листа ќе биде прва, додека Сара Ерани утре првпат ќе се најде меѓу најдобрите десет на ВТА листата.