1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Финале на изборната кампања во Македонија

Денеска (29.05.2008) се одржуваат завршните партиски митинзи. Инцидентите со кои почна оваа изборна кампања и тајмингот на предвремените избори се причина за внимателност во прогнозите на аналитичарите.

default

Во изминатиот период се случија дваесетина напади врз партиски штабови, главно врз оние на Демократската унија за интеграција, но сторителите засега не се откриени. Меѓународните претставници во Македонија нагласуваат дека за земјата се важни демократски избори. Меѓународниот фактор беше активен медијатор во обидите за смирување на насилството. Македонските власти од него добија порака да работат брзо на расчистување на инцидентите. Мирни избори се приоритет, а партиите и на власт и во опозиција очекуваат напрегнато колкав ќе биде одзивот на граѓаните.