1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Филм на македонски режисер на фестивал во Берлин

Вечер во Берлин ќе се одржи светска премиера на играниот филм „90 minutes” („The Berlin Project”) на македонскиот режисер Иво Трајков во рамките на филмскиот фестивал „Achtung Berlin”.

Филмот е во продукција на Lara Enterprises.com Gmbh од Германија, а копродуцент од Македонија е продуцентот Роберт Јазаџиски преку својата продуцентската куќа Кавал Филм од Скопје. „90 minutes” е поддржан од германскиот филмски фонд -DFFF (German Federal Film Fund). Филмот во целост е снимен во Берлин, на повеќе атрактивни локации меѓу кои Темподром, Олимпискиот стадион, киното Зоо Паласт, подземната железничка станица Бундестаг, железничката станица на Потсдамер плац, Филмскиот музеј Filmhaus и Skylounge.

„Проектот Берлин” е возбудлива приказна која ги истражува емоциите создадени на различни нивоа на реалноста преку кои ги испитуваме нашите избори, мотивации и животот во целост. Главните улоги ги толкуваат: Блерим Дестани, филмската актерска легенда Удо Киер, Рихард Замел, Николет Кребиц, Вернер Даен. Во филмот значајни улоги остварија и македонскиот актер Рефет Абази и Карел Зима кој играше и во претходните филмови на Трајков. Како дел од интернационалната екипа (Германија, САД, Македонија, Чешка, Црна Гора) предводена од режисерот Трајков во реализацијата на филмот од Македонија учествуваа и Рефет Абази acting coach на Блерим Дестани и Нина Чамински координатор на продукција.