1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Филип Морис и нуди на ЕУ една милијарда долари

Комисијата на Европската Унија и американскиот произведувач на цигари Филип Морис се пред решавање на спорот со криумчарење на цигари. Претпријатието е подготвено да исплати милијарда долари и во иднина подобро да соработува во борбата против криумчарењето на цигари а со тоа ќе избегне нови тужби на Европската Унија.

Оданочени пакувања цигари

Оданочени пакувања цигари

Комисијата на ЕУ поддржана од повеќето држави на Унијата пред четири години подигна тужба во САД против произведувачите на цигари, поради криумчарење на цигари а со тоа и одбегнување на данок во земјите на Европската Унија. Друга спорна точка беше и препоставката за перење пари. Европкстаа Унија ги проценува штетите настанати со шверцување на цигари на околу една милијарда евра. Унијата уште смета дека Филип Морис и конкурентот Р.Џ. Рејнолдс свесно го презасителе особено источно европскиот пазар, со надеж дека она што е одвишок ќе биде криумчарено во државите на Европската Унија.

По речиси една година правен спор околу криумчарењето на цигари, Еувропската Унија и Филип Морис сакаат да се спогодат. Американскиот концерн е подготвен да исплати голема сума пари на земјите од Унијата. Британскиот економски весник “Фајненшл Тајмс“ извести дека Филип Морис на ЕУ и понудил една милијарда долари. Парите ќе се влеат во касата на европскиот буџет но и кај поединечните држави кои учествуваа во спорот, и ќе бидат користени за борба против криумчарење и пиратерија во период од 12 години. Филип Морис Интернешнл во Лозана исто така потврди дека дека се дискутирало со Комисијата на ЕУ за дологорочен кооперативен договор за борба против илегалната трговија со оригинал и фалсификувани цигари. Претпријатието потврди дека постои нацрт договор кој мора да биде одобрен од земјите членки на Европкста Унија како и од надзорниот совет на Филип Морис.