1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Филипини – избори

Граѓаните на Филипини денеска треба да изберат нов парламент. Изборите, на кои им претходеше крвава изборна кампања, со повеќе од сто загинати, ќе ги набљудуваат монитори од цел свет. Резултатите се очекуваат за неколку дена. Досега во парламентот апсолутно мнозинство имаше политичкиот блок на претседателката Глорија Макапагал Аројо. На изборите се гледа како на референдум за работата на Аројо, која е спорна во оваа азиска земја.