1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Филе ја поздрави декриминализацијата на клеветата во Македонија

Еврокомесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе, денеска го поздрави отстранувањето на навредата и на клеветата од македонскиот кривичен законик.

Како што јави новинската агенција МИА, еврокомесарот Штефан Филе, посочил дека донесувањето на Закон за граѓанска одговорност за навредата и клеветата и нивната декриминализација е значаен чекор во контекст на слободата на изразување и медиумите, што според него е камен-темелник на секоја демократија.

„Ова беше клучна цел во рамки на Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД) меѓу Европската комисија и Владата. Испораката на оваа амбициозна реформа покажува добро ниво на основаната соработка. Исто така го поздравувам фактот што овие законски измени произлегоа од консултациите меѓу Владата и Здружението на новинари, но и од стручни совети на Советот на Европа“, истакнал Филе.

Еврокомесарот за проширување на Унијата, потенцирал и дека Комисијата ќе ја следи внимателно имплементацијата на новите одредби од страна на националните судови. Филе ги охрабрува националните власти во Македонија да го продолжат нивниот дијалог со новинарите во рамки на Работната група за медиуми, со цел за решавање на други прашања што се однесуваат на слободата на изразување и медиумите.