1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Филе: Црна Гора да расчисти со криминалот на врвот

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе изјави дека Црна Гора треба да се фокусира на истрагите на криминал на високо ниво и дека очекува Подгорица да ги исполни потребните услови и во јуни да почне преговори со ЕУ.

Советот на ЕУ претходно одлучи Црна Гора да почне пристапни преговори со Унијата во јуни, доколку до тогаш ги исполни условите кои се однесуваат на владеење на правото. Филе истакна дека понатамошните активности во борбата против организираниот криминал и корупцијата во Црна Гора треба да се фокусира на ефикасна примена на законите, како и на резултатите во истрагите и пресудите, особено во случаите на високо ниво.

Еврокомесарот изрази надеж дека Црна Гора ќе ги исполни барањата на ЕУ до јуни и ќе започне преговори.

Филе нагласи дека Брисел е во постојан контакт со властите во Црна Гора, како и дека внимателно ги следи нивните предпристапни преговори.

Според него Црна Гора продолжува да ги исполнува барањата, особено во областа на владеење на правото и основните човекови права, и дека властите работат на спроведувањето на реформите.

Александра Трајковска