1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Филе, Хауит и Бузек утре во Скопје

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе утре ќе ја посети Македонија, каде ќе има средби со главните политички фактори во земјата.

Како што информираат од Европската комисија, посетата е во контекст на актуелната политичка ситуација во земјата. Предвидено е Филе да го придружуваат известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Хауит и поранешниот претседател на ЕП, Јержи Бузек.

„Решавањето на политичката криза ќе помогне во создавањето услови за извештајот што Комисија го подготвува врз основа на одлуката на земјите членки за пролетва. Ќе создаде услови овој извештај да биде позитивен“, изјави Петер Стано, портпарол на еврокомесарот Филе.