1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Филе: Слободата на медиумите е клучен дел од преговорите за членство во ЕУ

Еврокомесарот Филе на конференцијата за слобода на медиумите на Балканот изјави дека резултатите во слободата на медиумите е во фокус на преговорите за членство во ЕУ, заедно со владеењето на правото и основните слободи

Зборувајќи на собирот за слобода на изразувањето и на медиумите „Speakup2“ во Брисел, на која се собрани претставници на медиумите, невладините организации и на властите од регионот, еврокомесарот Штефан Филе денеска (20.06) укажа дека меѓу учесниците има новинари кои биле жртви на насилство и порача дека мора да бидат казнети сторителите на тие дела.

„Властите мора да ги зајакнат напорите да се истражат новите и поранешните случаи“ на насилство врз новинарите, стави до знаење Филе, истакнувајќи дека „иницијативата на Србија да се востанови комисија за неистражени случаи на насилство над вработените во медиумите е добар пример“.

Филе, освен тоа, предупреди дека „и натаму постои опасност државната власт да се користи против слободата на изразување, што тешко ги погодува новинарите, особено оние со мали средства“. Европскиот комесар го оцени како успех тоа што ЕК и ЕУ успеале да издејствуваат властите на Балканот да ги стават вон сила законите за казнување новинари за наводна „клевета“, иако, како што забележа, тоа во Турција не е спроведено до крај.

Symbolbild Zeitungen in Ketten

Во ЕУ само со слободни медиуми

Филе забележа и дека во поголемиот дел од земјите кои сакаат да станат членки на ЕУ „медиумските пазари не дејствуваат како што треба, а како што треба не работат ниту регулаторните тела за обезбедување чесна пазарна конкуренција, што остава простор за политичко мешање во работата на новинарите“.

Јаните радиодифузери, според Филе, „мора да бидат политички и финансиски независни“. Европскиот комесар од новинарите и медиумите побара да ги почитуваат многу повеќе професионалните и етички стандарди.