1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Филе нов посредник во дијалогот Белград-Приштина?

Белградскиот весник „Блиц“, повикувајќи се на дипломатски извори, пренесува дека нов посредник во дијалогот Србија-Косово најверојатно ќе биде еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Весникот во денешното(14.04) издание пишува дека комесарот на ЕУ за проширување, Штефан Филе, од порано бил заинтресиран за улогата на посредник во разговорите меѓу Белград и Приштина. Според Блиц, високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон ја завршила својата улога како посредник по осум рунди разговори меѓу премиерите на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ  и Хашим Тачи, кои останаа без финален договор.

Претседателот на српската влада Ивица Дачиќ вчера во интервју за весникот „Данас“ истакна дека Србија е подготвена и во случај да нема веќе посредници, да продолжи со директни разговори со Приштина, пред се’ поради тоа што проблемот на Косово е проблем на Белград и проблем на Приштина и двете страни мора да најдат начин да го решат тој проблем.

Приштина пак, одбива да разговара со Белград без посредници. Претставниците на двете земји во осмата рунда од дијалогот на 2 април во Брисел не успеаја да постигнат договор за надлежностите на заедницата на српски општини која српската влада сака да биде формирана на северот на Косово.