1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Филе: Нерешениот спор за името скапо ќе чини

Препораката за почеток на преговори на Македонија со ЕУ останува, петта година по ред, но и натаму зависи од решавањето на спорот за името со Грција. ЕУ се надева дека идното грчко претседателство е шанса за регионот.

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе истакна оти идното грчко претседателство со Европската унија е шанса за целиот Балкан.

„Мојата понуда до грчките власти, што ја формулирав неодамна до грчкиот премиер е ‘кажете како Комисијата да помогне, за време на Вашето претседателство, не само некои земји, туку сите земји во регионот да се придвижат напред во европските аспирации’. Затоа и сега предложивме идентичен предлог како и лани за ПЈР Македонија. Се обидуваме да обезбедиме кај земјите членки на ЕУ, не само кај една или две, туку кај сите земји членки, дека преговарачката рамка и решавање на спорот во рана фаза на пристапните преговори е гарант и осигурување дека тоа ќе креира подобра состојба за решавање на прашањето за името“, истакна еврокомесарот за проширување.

За комесарот Филе, сето ова е порака до политичарите во двете земји (Грција и Македонија), дека е време не само да се мисли на цената на компромисот, туку и на цената на статус-кво ситуацијата, која според него е неодржлива и ќе чини многу ако продолжи.

Европската комисија по петти пат предложи почеток на преговори со Македонија, но за тоа сѐ уште нема одлука од Советот на ЕУ.

„Ако не се делува на овај план, реформите во земјата ќе бидат загрозени и нашата политика на проширување ќе страда“, призна комесарот.

Француската европратеничка Елен Флотр од редовите на Зелените во тој контекст се запрашува „на кој начин може да се убеди Советот на ЕУ, бидејќи одлуките се носат таму“.

Европратениците со кои разговаравме веднаш по завршувањето на излагањето на комесарот Штефан Филе се согласуваат со неговата оценка, дека идното грчко претседателство со Европската унија во 2014 година е „шансата за целиот регион“, во тој контекст и можното решавање на прашањето со името на Македонија.