Филе нема да штеди напори за поддршка на Србија | Европа | DW | 18.07.2013
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Филе нема да штеди напори за поддршка на Србија

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе со српскиот претседател Томислав Николиќ разговараше зa наредните чекори на Србија при процесот на пристапување во ЕУ.

Претседателот на Србија Томислав Николиќ денеска (18.07.) ја повика Владата на Србија веднаш да одреди кој ќе го предводи тимот за преговори со ЕУ.

На заедничката конференција со новинарите, по средбата со европскиот комесар за проширување Штефан Филе, Николиќ рече дека Србија до крајот на септември очекува ЕУ да одреди „точен список на задачи во натамошниот процес на европски интеграции“.

Српскиот претседател оцени дека постапката на анлиза и процена на реформите за секое поглавје најверојатно ќе трае до крајот на идната година и изрзи уверување дека до крајот на јануари 2014 ќе биде одржана првата меѓудржавна конференција ЕУ-Србија, со што официјално ќе почнат преговорите на земјата со ЕУ. Николиќ наведе дека главното внимание во преговорите ќе биде насочено кон поглавјата, 23. и 24. кои се однесуваат на владеење на правото, независност и делотоворност на правосудството, основните слободи и права и борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Европскиот комесар за проширување Штефан Филе од своја страна наведе дека со Николиќ разговарале за наредните чекори во преговарачкиот процес, како и за „натамошниот придонес на Србија во регионалната соработка и трајното помирување“.

Филе повтори дека идната недела на државите членки на Унијата ќе им ја претстави преговарачката рамка за Србија и дека во септември ќе започне т.н. скрининг процес во српските институции. „Процесот на пристапување бара континуитет и одлучност. Сосема сум сигурен дека Србија има капацитет да ја постигне таа амбициозна цел“, рече Филе и подвлече дека нема да штеди напори, „при пружањето поддршка на Србија за исполнување на критериумите за пристапување на ЕУ“, рече Филе.

Европскиот комесар за проширување денеска ја завршува дводневната посета на Србија, во рамките на која се сретна и со делегација на Владата на Србија на чело со премиерот Ивица Дачиќ и им се обрти на српските пратеници. Пред парламентот во Белград Филе изјави дека за да биде постигнат успех во пристапните преговори со ЕУ е потребана голема одлучност и национален и партиски консензус во земјата која сака да стане членка на ЕУ.