1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Филе: Македонија треба да почне преговори

Европскиот комесар за проширување вели дека почетокот на преговорите ќе ги забрза реформските процеси во земјата.

Отворањето на пристапните преговори со Македонија ќе овозможи Европската унија подлабински да се посвети на прашања како што се владеењето на правото и борбата против организираниот криминал, изјави европскиот комесар за проширување Штефан Филе кој вчера беше во посета на Загреб.

„Треба да покажеме дека европската перспектива на земјата е реална. Силно веруваме дека придвижувањето на пристапниот процес во следната фаза ќе го задржи темпото на реформи. Земјата е добро подготвена, но преговорите се потребни за да Европската унија подлабински се посвети на прашања како што се владеењето на правото и борбата против организираниот криминал.

Придвижувањето кон следната фаза ќе помогне реформите да прераснат во динамичен процес и ќе ги зајакне меѓуетничките односи. Важно е да се одржуваат добрососедски односи со сите земји и да се најде взаемно прифатливо решение за прашањето за името под покровителство на Обединетите Нации", рече Филе во Загреб.

Филе повика на смирување на емоциите во регионот, по новото заладување на односите меѓу Србија и Хрватска како резултат од ослободителната пресуда за хрватскиот генерал Анте Готовина пред Хашкиот трибунал.

„Верувам дека политичарите на обете страни ќе најдат излез и дека ќе придонесат за ладење на емоциите во корист на регионот“, изјави Филе од Загреб, каде разговараше со хрватското државно раководство. Тој оцени дека од влезот на Хрватска во ЕУ следната година корист ќе има целиот регион.