1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Филе лобира за Извештајот на ЕК

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе во Берлин ги аргументира одлуките од октомврискиот извештај за доближување на Западниот Балкан до ЕУ!

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска (09.11) е во Берлин. Тој напладне има средба со шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле, по што ќе реазговара и со Гунтер Крихбаум, прв човек на Комисијата за европски прашања на Бундестагот.

„Целта на посетата е еврокомесарот Филе на Берлин е на германските партнери да им ги објасни заклучоците на Комисијата од октомврискиот извештај за напредок на одделните балкански држави. Зошто, на пример, сакаме Хрватска да стане в година членка на ЕУ, каква е состојбата со Србија и Албанија, зошто предлагаме пристапните преговори со Македонија да започнат и како би течело решавањето на спорот со Грција. Како Комисија се залагаме за добро и позитивно информирање на членките на ЕУ и во конкретниот случај тоа е

Peter Stano Pressesprecher der EK für Erweiterung und Nachbarschaftspolitik

Стартот на преговорите со Македонија би бил импулс за решение на спорот околу името - Петер Стано

важно“, изјави за ДВ Петер Стано, портпарол на еврокомесарот Штефан Филе.

Секако дека една од темите за разговор во објаснувањата на портпаролот Стано е и Македонија. Ќе побара ли Филе поддршка од Германија, односно таа да даде зелено светло за старт на пристапните преговори на декемврискиот самит на Европскиот совет?
„Македонија по четврти пат добива добри оценки и Комисијата е подготвена и предлага членките да го прифатат отворањето на пристапните преговори. За тоа ќе се разговара. Комисијата на почетокот на пристапните преговори гледа како на импулс за решавање на спорот со името и тоа прашањето да се реши на стартот на пристапните преговори“, подвлекува за ДВ Петер Стано.

Комесарот Штефан Филе, како што прецизира Стано, до конечната одлука на Европскиот совет во декември за натамошното доближување на земјите од Балканот до ЕУ, си зеде за задача во директни разговори да ја образложи одлуката на Европската комисија околу проширувањето. За оваа цел ги посетил и Софија и Атина. Ќе следат и други посети, но право на членките останува - во декември да го искажат своето мислење.