1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Филе и Вигенин побарале ЕУ да не ја заборави Македонија

На средбата на Советот за општи работи на Европската унија (ГАК), во Луксембург еврокомесарот Филе и шефот на бугарската дипломатија Вигенин порачале дека во иднина не треба да се заборави на Македонија.

Комесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе побарал од министрите за надворешни работи на земјите членки да не заборават на Македонија, и покрај тоа што денеска не е тема на разговор на состанокот на Советот за општи работи (ГАК) и за неа нема да има ниту заклучок, ниту датум на претстојниот Самит на Европскиот совет.

Како што јавува дописникот на македонската новинска агенција МИА од Луксембург, Филе во своето образложение на тркалезната маса пред шефовите на дипломатиите за процесот на проширување дал до знаење дека и покрај тоа што е тема доделувањето на датум за преговори на Србија, во иднина не треба да се заборави и на Македонија.

Според информациите од првичната дискусија за прашањето за проширување на ЕУ, единствена точка е Србија, но освен Филе, на првата рунда разговори, Македонија, и тоа во позитивен контекст ја споменал и новиот министер за надворешни работи на Бугарија, Кристијан Вигенин.

Bulgarien EU Europaparlament Kristian Vigenin

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Кристијан Вигенин

„Неодамна станав министер и морам да кажам дека мојата прва посета беше на Македонија. Таму затекнав позитивна атмосфера во однос на добрососедските односи и во исполнувањето на реформите за членство во ЕУ. Мислам дека се затоплуваат односите меѓу Бугарија и Македонија и тоа очекувам да донесе позитивни работи во иднина, па не треба да ја заборавиме оваа земја во иднина“, порачал бугарскиот министер Вигенин.

Филе и Вигенин единствени ја споменале Македонија, додека сите останати учесници на средбата говореле за Србија и можноста да се додели датум за преговори. Во овој момент, веќе се знае дека Европската комисија и комесарот Филе би требало веднаш да подготват преговарачка рамка за Србија и да започнат со скрининг-процесот, а се очекува во заклучоците до крајот на денот да влезе и декември месец оваа година како последен момент кога би започнале официјалните преговори што би го одобрил Советот на министри или Европскиот совет (што е барање на Германија, што би било исклучок од досегашните правила и постапки на Унијата).