1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Филе за ДВ: Пристапниот дијалог е охрабрување за европската агенда на Македонија

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе пред почетокот на пристапниот дијалог на високо ниво Македонија - ЕУ во изјава за ДВ порача дека со него Македонија се доближува кон ЕУ.

epa02965030 EU Enlargement Commissioner Stefan Fuele (L), from the Czech Republic, briefs the media just after he presented a formal EU progress report to Montenegro's Prime Minister Igor Luksic (R) in Podgorica, Montenegro, on 13 October 2011. The EU Commission recommended that the bloc opens accession talks with Montenegro. EPA/BORIS PEJOVIC +++(c) dpa - Bildfunk+++

EU- Erweiterungskommissar Stefan Füle

Во Скопје денеска (15.03.2012) започнува пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Европската унија и Македонија. Делегациите на двете страни во дијалогот ќе бидат предводени од еврокомесарот за проширување и соседска политика , Штефан Филе и македонскиот премиер Никола Груевски.

Непосредно пред денешниот почеток на дијалогот на високо ниво, еврокомесарот Филе за Дојче Веле изјави дека целта е доближување на земјата кон Европската унија и задржување на европската агенда како водечка сила на трансформацијата Македонија. И дека во никој случај не станува збор за замена на вистинските преговори. Дијалогот според него ќе ја охрабри агендата за реформи во земјата со постигнување на јасен договор за реформите.

„Фокусот ќе биде ставен во пет клучни области кои ги нагласив пред ЕП: Владеење на правото, слободата на говорот, реформата на јавната администрација и функционалната пазарна економија. Целта е да се создаде моментум, кој ќе му дозволи на Скопје да биде поблиску до преговорите за членство. Тоа е и за да се зачува на значајно место во агендата на Европската Унија, проектот на Македонија да и се приклучи на ЕУ. Комисијата преку овај дијалог со македонските власти сака да изработи патен налог за подршка на важните македонски реформи.“

Nikola Gruevski und Stefan Füle in Brüssel

Премиерот Груевски и еврокомесарот Филе ќе го отворат пристапниот дијалог

Советот на ЕУ одлуките ги носи самиот

Дојче Веле и на комесарот за проширување Штефан Филе, му го постави прашањето односно како сега Европската комисија ќе го убеди Советот да донесе одлука за почеток на преговори.

„Не е наша работа да го убедуваме Советот. Советот е самиот тој кој ги носи своите одлуки и има свои процедури. Дијалогот на виско ниво кој го отвораме со земјата оди во таа насока, односно да ги поддржиме реформите во поранешната југословенска република Македонија.

Мислам дека е значајно да биде решен проблемот со името за добрососедките односи и да се создаде моментум, што ќе му дозволи на Советот да постигне концензус и донесе одлука за почеток на преговорите.“, истакна еврокомесарот за проширување непосредно пред доаѓањето во Скопје.

Автор:Тони Глaмчевски

Редактор: Симе Недевски

Поврзана содржина