1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Филе: ЕК нема да се меша во одлуката за референдум во Србија

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска изјави дека нема да се меша во евентуална одлука на српските власти за распишување референдум по договорот Белград-Приштина.

Штефан Филе по разговорите со српскиот претседател Томислав Николиќ во Белград денеска (26.04) изјави дека каква и да биде одлуката на српските власти за референдум по постигнатиот договор со Приштина, тоа не треба да го одложи процесот, „туку да осигура имплементација на договорот“.

Николиќ рече дека Србија мирно ја чека одлуката на ЕУ во јуни и нагласи дека властите во Белград направиле се‘ што можеле за добивање датум за почеток на пристапни преговори со Унијата.

Претставници на Србите од северот на Косово вчера во Белград водеа разговори со премиерот Ивица Дачиќ и вицепремиерот Александар Вучиќ околу договорот на Белград и Приштина за нормализација на односите. Претставниците на Србите во текот на претходните денови изразуваа незадоволство од договорот и наведуваа дека нема да го прифатат, односно дека ќе бараат референдум во Србија за граѓаните да се изјаснат околу документот. Вучиќ по средбата изјави дека српската влада е подготвена да го разгледа прашањето за распишување референдум, но само под услов косовските Срби да ги прифатат неговите резултати и да учествуваат во примената на договорот. Потпретседателот на српската влада нагласи дека Србија нема сила да се сили, ниту има сила за нови воени подвизи и потфати.