1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Филе во Скопје на Пристапниот дијалог

Комесарот за проширување на Европската унија Штефан Филе денеска (17.09) престојува во посета на Македонија по повод одржувањето на третиот состанок од Пристапниот дијалог на високо ниво.

Пред состанокот од Пристапниот дијалог, еврокомесарот Штефан Филе ќе има средба со премиерот Никола Груевски, со заменик претседателот на Владата за европски прашања, Теута Арифи, како и со претседателот на Собранието, Трајко Вељановски, по што ќе се обрати на седницата на Националниот совет за евроинтеграции.

Посетата на Филе и третиот состанок на Пристапниот дијалог на високо ниво се случува во пресрет на објавувањето на Годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија, на 10 октомври. Премиериот Груевски вчера оцени дека Високиот претпристапен дијалог како процес дал

Mazedonien Skopje EU-Kommissar Stefan Füle

Што ќе донесе дијалогот?

добри резултати и влијаел позитивно, изразувајќи надеж дека тоа денеска ќе го констатира и еврокомесарот за проширување Штефан Филе. „Мислам дека за клучните области се направени сериозни исчекори. Останува да видиме како на тоа ќе гледа ЕК“, рече македонскиот премиер.

На прашањето дали очекува во претстојниот извештај за напредокот на Македонија да има датум за почеток на преговорите, Груевски одговори дека доколку немало проблеми од друг карактер поврзани со блокади и слично од други држави, стартот на преговорите требало да се случи уште во 2009. година.