1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Филе во посета на Македонија

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска (05.09.2011) престојува во Скопје на средби со македонскиот владин врв. Спорот за името меѓу Македонија и Грција е една од темите се на агендата за разговори на средбите.

default

Еврокомесарот за проширување во Скопје денеска  има тет-а-тет разговори со премиерот Никола Груевски, а  се срeќава и со вицепремиерите за европски прашања,Теута Арифи и за спроведување на Рамковниот договор, Муса Џафери.
Посетата на Филе е во пресрет на објавувањето на годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија, и како што оценува во денешното интервју за Нова Македонија, „не е рутинска, туку е во посебно време“. Во контекст на извештајот, вели дека тој не е испит, туку повеќе огледало и покажува што правела земјата.

Nikola Gruevski und Stefan Füle in Brüssel

Македонскиот премиер Никола Груевски и Еврокомесарот Штефан Филе

Спорот за името- неодминлив на агендата на Филе


На средбите со македонските владини претставници се очекува да стане збор и за главниот проблем што ја блокира Македонија на патот кон ЕУ, спорот со Грција за името. „Убеден сум дека услови за договор за името има сега и тие се најдобри отколку што ќе бидат кога и да е. Политичката реалност е дека ЕУ нема да го увезе овој проблем, тој прво мора да биде решен,“ истакнува Филе.
Еврокомесарот за проширување оценува и дека изборите во јуни беа добро спроведени, што е важен чекор напред за демократската култура во земјата.

Автор:ЕМФ/СН/миа/мф

Редактор: Симе Недевски

DW.COM

Поврзана содржина