1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Филе во ненајавена посета на Македонија

Еврокомесарот Штефан Филе денеска ненајавено бил во Македонија на средби со премиерот Никола Груевски, со претседателот Ѓорге Иванов и со лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.

epa03220159 European Commissioner for Enlargement and European Neighbourhood Policy, Stefan Fule speaks during a press conference on the 2012 European Neighbourhood Policy Package, at the European Commission headquarters in Brussels, Belgium, 15 May 2012. EPA/JULIEN WARNAND +++(c) dpa - Bildfunk+++

Stefan Fule

Евроагендата, реформите, бојкотот на опозицијата на Парламентот во контекст на априлскиот извештај на ЕК за напредокот на Македонија и јунскиот самит на ЕУ, биле теми на средбата со премиерот Никола Груевски, како што за агенцијата МИА потврдиле од Владата.

Станало збор и за случувањата во врска со бојкотот на опозицијата, но во рамките на прогресот и механизмите за продолжување на интеграциските процеси. Од македонска страна е изразена подготвеност и посветеност за продолжување на реформите, како и конструктивност за принципиелно надминување на предизвиците во контекст на европската интеграција на Република Македонија.

Делегацијата на ЕУ во Скопје соопшти дека еврокомесарот Штефан Филе денеска се сретнал и со претседателот Ѓорге Иванов и со лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски. На сите средби што ги имал биле разгледани подготовките за Пролетниот извештај на Европската комисија за Македонија.

„Комесарот имаше корисни разговори со своите соговорници. Комесарот Филе ќе се врати во Скопје во контекст на Пристапниот дијалог на високо ниво“, се наведува во кусото соопштение од Делегацијата на ЕУ во Македонија.