1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Филе ветува датум за преговори за Македонија

Еврокомесарот е оптимист во врска со европската перспектива на сите земји од Западниот Балкан, а особено за Хрватска и Црна Гора.

Ако Македонија добро го одработи третиот дел од Пристапниот дијалог на високо ниво, најверојатно ќе доби препорака за почнување преговори за членство во ЕУ, порача еврокомесарот за проширување, Штефан Филе.

„Не е добро ни за земјата-кандидат, ни за ЕУ да се одолговлекува времето меѓу давањето кандидатски статус и почетокот на преговорите за членство“, рече Филе во интервју за  чешкото издание на „Еуроактив“. Тој најавува дека во однос на „поранешната југословенска Република Македонија“, се подготвуваат за третата рунда од Пристапниот дијалог на високо ниво.

„Ако продолжи позитивниот тренд на успешно исполнување на поставените задачи, Европската комисија секако ќе препорача овој напредок да се одрази на европскиот пристап кон земјата“, додава Филе. Еврокомесарот е оптимист во врска со европската перспектива на сите земји од Западниот Балкан, а особено за Хрватска и Црна Гора кои, според него, најмногу напредувале на европскиот пат.

Се очекува Хрватска идната година и формално да стане членка на ЕУ, додека на Црна Гора на почетокот на летото и е одобрен старт на преговорите за придружување.

„Нема замор во реформите и нема замор во процесот на проширување, како што медиумите погрешно јавуваат. Црна Гора е добар пример за тоа“, вели Филе за „Еуроактив“.

Според него, желбата на девет земји и покрај актуелната криза да и пристапат на ЕУ е доказ за нивната доверба во унијата. Признава дека во ЕУ, во моментов, има „сериозни проблеми“, но дека никако поради тоа не би смеела да ги запостави соседите и да го запре процесот на проширување.