1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Филе бара подобрување на политичкиот дискурс во Македонија

Лидерот на СДСМ Зоран Заев изрази задоволство од средбата со еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Во фокусот на разговорите биле две теми – реформите во Македонија и проблемот со името.

Според соопштението испратено од кабинетот на Филе, еврокомесарот, лидерот на СДСМ Заев и неговата заменичка Радмила Шеќеринска разговарале за процесот на пристапување на Македонија во Европската унија, при што комесарот Филе ја потврдил перспективата на земјата во Унијата. Филе, според соопштението, ја истакнал потребата за подобрување на политичкиот дискурс во земјата и важноста од национален консензус за заедничката цел - интеграција во ЕУ.

„Кога политичкиот договор од 1. март ќе се имплементира, Комисијата ќе биде подготвена да го поддржи реформскиот процес преку пристапниот дијалог на високо ниво, а властите ги охрабрувам да останат посветени на спроведувањето на реформите и да продолжат со подобрување на добрососедските односи“, истакнал Филе на состанокот со Заев и Шеќеринска.

Politik Skopje, Mazedonien

Зоран Заев бил придружуван на средбата со Филе од неговата заменичка Радмила Шеќеринска

Европската комисија информира дека се разговарало за најитните реформи во земјата, особено во областа на владеењето на правото и слободата на медиумите, како и за работата на работните групи на изборното законодавство. Во овој контекст била истакната важноста од фер услови за политички натпревар.

Врвот на СДСМ побарал „Европската комисија да го искористи грчкото претседателство за подиректно да се вклучи во решавање на долгогодишниот проблем“ со името.

„Нотиравме неколку идеи како тоа би можело да се случи, за секако да конвергираме до конечната цел, да се најде решение. Но, секако очекуваме дека она коешто зависи од Република Македонија, пред се‘ од нас како политички партии, од власта, секако и од опозицијата, ќе биде решено и надминато“, изјави Заев.

Заев по средбата со Филе информира дека било побарано да се постигне „договор со власта власта во делот на разграничување на партијата од државата“. Заев вели дека тоа „го има како препорака во извештајот на Европската комисија“. Во Брисел денеска се разговарало и за „слободата на медиумите“ и „за внатрешните реформи на Република Македонија“.