1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Фејт: Референдумот и‘ штети на репутацијата на Србија

Меѓународниот цивилен претставник на Косово Питер Фејт оцени дека одржувањето на референдумот во општините на северот на Косово, закажан за 14 и 15 февруари, и‘ нанесува штета на репутацијата на Србија.

default

Питер Фејт

„Целта на рефeрендумот е провокација и опструкција, што ќе им наштети на интересите на граѓаните на северот“, изјави Питер Фејт во интервју за денешното издание на весникот „Данас“.

Фејт им препорачува на Србите на северот на Косово „одблиску да го разгледаат планот на Ахтисари и да видат што тој може да им понуди, зашто тој план веќе содржи важни одредби и гаранции за српската заедница“. Планот на Ахтисари, според Фејт, е спроведлив за северот во иста мерка како и за останатите делови на Косово.

Во четири општини на северот на Косово, утре и задутре (14/15.02), ќе биде одржан референдум, на кој околу 35.000 граѓани со право на глас ќе се изјаснат за односот кон институциите на Косово. Референдумското прашање гласи: „Дали ги прифаќате институциите на таканаречената Република Косово?“ Во северна Митровица, Звечан и Зубин Поток граѓаните ќе гласаат два дена, а во Лепосавиќ само на 15 февруари. На референдумот се спротивставуваат претставниците на меѓународната заедница на Косово, наведувајќи дека тој нема да има никакви правни последици. Против рефeрендумот се и официјалните претставници на Белград, затоа што сметаат дека тоа ќе ја влоши состојбата на Србија и на косовските Срби.

Автор: ЕМФ/ бета

Редактор: А. Трајковска