1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Фејсбук ќе собере 12 милијарди долари со излезот на берза

Фејсбук на претстојното излегување на берзата планира да собере околу 12 милијарди долари.

Почетната вредност на акциите на јавната понуда ќе биде меѓу 28 и 35 долари. Тоа е најголема вредност за почетна јавна понуда за која било интернет компанија досега, поголема и од онаа на Гугл во 2004. година, кога доби 1, 7 милијарди долари. Со планираното излегување на берзата, вредноста на компанијата ќе биде позиционирана на 85 до 95 милијарди долари. Официјалниот повик за јавна понуда ќе биде објавен во наредните неколку недели.

Социјалната мрежа Фејсбук има повеќе од 900 милиони корисници во светот. Сајтот го основаше Марк Закерберг со своите колеги на Харвард за време на студиите. Закерберг денес има 27 години и е извршен директор на Фејсбук. Тој ќе ја задржи контролата над компанијата и по јавната понуда, со оглед дека поседува околу 57 проценти од управувачките гласови.

Доколку вредноста на Фејсбук достигне 95 милијарди долари, тоа ќе биде незначително помалку од вредноста на сајтот Амазон, која се проценува на околу 103 милијарди долари. Вредноста на Гугл пак, се проценува на околу 200 милијарди долари.