1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Фејсбук и Твитер се инспирација за писателите

Твитер е СМС порака, која не се испраќа само на една личност, тука по желба и на целиот свет. „Твитовите“ составени од 140 знаци можат да бидат прочитани од сите заинтересирани. Фејсбук и Твитер се само почетокот.

default

Фејсбук и Твитер како платформа за собирање идеи

Пораките што се разменуваат на Твитер најчесто се кратки реченици за личното расположение, општите сфаќања, совети за претстави, но исто така и поетски стихови. Заинтересираните корисници на Твитер се нарекуваат „следбеници“. А што се случува кога корисниците буквално ќе станат „пријатели“, како што се нарекуваат на „Фејсбук“? Фејсбук, Твитер и литература - дали тоа е добра комбинација?

Deutschland Frankfurt Buchmesse 2008 Bücher

Писателите разменуваат идеи преку социјалните мрежи на интернет

Старата дилема на писателите гласи: „Уметникот сака да биде сам! Но уметникот не може да ја поднесе осаменоста.“ Тој сака нови работи, дебати, ја сака суровата реалност и се разбира многу читатели.

Комуникацијата преку Фејсбук е фасцинантна

Фејсбук, 6. декември 2009: порака на статусот Роберт Менасе дојде дома, го виде купот пораки и си легна. Австрискиот писател Роберт Менасе има напишано многу книги. Покрај пишувањето романи, сега Фејсбук стана неговата втора страст. Пријателите му раскажале еднаш дека тројца млади корисници на Фејсбук креирале страница за негови обожаватели: „Тоа нормално ме заинтересира. Втората работа беше што потоа разбрав дека мојата ќерка е регистрирана на Фејсбук. Повторно се двоумев. Помислив на нешта како тајност на поштата, и дали воопшто смеам да читам туѓи пораки. Од друга страна ми беше кажано: „Тоа е јавно“, т.е. корисникот самиот одредува за себе кој и што смее да му гледа во сопствениот профил. Најсмешно беше тоа што мојата ќерка скоро ме презираше за тоа што сум губел време со Фејсбук бидејќи таа не го прави тоа.“

Robert Menasse

Роберт Менасе беше номиниран за германската награда за литература во 2007 година

Менасе на Фејсбук има над илјада пријатели т.е. читатели. Фејсбук го користи за лични и политички изјави. Но, ако Менасе напише и обична реченица како „Линц има нешто“, во рок од неколку минути добива 40 коментари на изјавата. Најголемиот дел од своите пријатели на Фејсбук ретко ги сретнува во реален живот, некои никогаш. Како Твитер, така и Фејсбук ветува излез од старата дилема на писателите: „Фејсбук овозможува брзо влегување и излегување од мрежата. Може едноставно да се исклучам! Но и за секунда можам истовремено да се поврзам со илјада лица. Тоа е фасцинантно.“

Како писател на романи очиглено дека сум принуден да пишувам што поконцизно заради дозволени само 140 карактери за изјави на Твитер и Фејсбук, вели Менасе: „Не сум познат како поет. Пробав и во таа насока, имам објавено неколку песни на Фејсбук со можност за нивно коментирање и дискусија. Навистина многу научив од реакциите. Собрав храброст за понатаму да се служам со оваа форма и на овој начин да се изразувам.“

Твитер е ахрива на идеи

Други сметаат дека во однос на овие медиуми се развива чувство и на љубов и на омраза. Два примера: Елзе Бушхојер и Зибиле Берг. Двете работат не само како писателки на романи, драматурзи или новинарки. Двете се пред се' верни кориснички на Твитер.

Зибиле Берг, 23 јануари 2009 год: 3 часот 41 мин. twitter.com/Елзе Бушхојер: „Твитер е голем еротски сон од слава и признание.“

BdT Die diesjaehrige Bachmann-Preistraegerin Kathrin Passig

Писателката Катрин Пасиг е добитничка на наградата Бахман

Зибиле Берг, 13 јануари, 02 часот 07 мин. : „Вистински да се вложат сили за да се угоди. Ништо да не се добие за возврат. Да се стравува од тоа да се биде напуштен. Ништо не те ослободува од тоа чувство. Твитер е мајка.“

„И Господ е педер“ - пишува Елзе Бушхојер на Твитер. Катрин Пасих, добитничка на наградата „Ингеборг Бахман“ има профил на Твитер и Фејсбук. Мрежите ги користи помалку за литературно изразување, а повеќе како еден вид место за собирање идеи: „Секогаш кога човек не ја споделува својата мисла, таа е загубена. Твитер за мене ја има функцијата на архивирање идеи. Ме мрзи да пишувам дневник. Незгодно ми е. Смешно е што помалку незгодно е јавно да се води дневник.“

Писателката смета дека пред се' лицата кои малку или воопшто не ги користеле социјалните интернет мрежи ги сметаат истите за закана. Истиот страв беше присутен поради сите технички новитети како телефонот, авионот и машината за пишување. Се поставуваше прашањето: „За што ќе служи тоа?, бидејќи се верува дека се' е само фаза и дека се' ќе стане лански снег. Но, Катрин Пасих вели: нема враќање во времето пред Фејсбук! Фејсбук е само почетокот.

Автор: Марсела Друм / Ана Стојиловска