1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Фетел ја стопи предноста на Алонсо

Актуелниот шампион во Формула 1, Себастијан Фетел со денешната победа на трката за Големата награда на Јапонија, ја намали предноста пред водечкиот пилот на Ферари, Фернандо Алонсо на само 4 бодови.

Бранителот на титулата во Формула 1, Себастијан Фетел, со денешната супериорна победа на патеката во Сузука, Јапонија целосно ја отвори битката за врвот во годинешниот шампионат.

25-годишниот Германец кој победи и на последната трка во Сингапур стана првиот возач годинава кој успеал да „врзе“ две победи по ред, намалувајќи ја притоа предноста пред водечкиот на табелата Фернандо Алонсо од Ферари на само четири бодови, со уште пет трки до крајот. Фетел ја искористи пол-позицијата од вчерашните квалификации и стигна до првото место. Фернандо Алонсо од друга страна без пласман остана уште на стартот на трка. На подиумот во Сузука уште се најдоа Фелипе Маса од „Ферари“ и домашниот возач Кауми Кобајаши од „Заубер“, што и за двајцата е одличен резултат.

На четвртата позиција се пласира Џенсон Батон, петти заврши Луис Хамилтон, а Кими Раиконен како шестти ја мина целната линија .За Фетел оваа беше трета победа сезонава и 24 во кариерата, со што на вечната листа се изедначи со легендарниот Аргентинец, Хуан Мануел Фанџо

Алонсо на првата позиција во генералниот пласман има 194 бодови, а Фетел 190. Раиконен е трет со 157, а Хамилтон на четвртото место со 152.Кај конструкторите „Ред Бул“ води со 324 бодови, „Мекларен Мерцедес“ има 283, „Ферари“ е трет со 263. Следната трка се вози во Кореја на 14 октомври.