1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Фетел ја одбрани титулата во Формула 1

Германецот Себастијан Фетел стана најмладиот двоен победник во шампионатот во Формула 1. Тој ја одбрани титулата откако на денешната трка во Јапонија го освои третото место што беше доволно за историскиот успех

default

На 24-годишниот возач на тимот Ред Бул, имено, му беше потребен само бод за да ја освои втората по ред титула во шампионатот во Формула 1. Победник на трката за Големата награда на Јапонија беше возачот на Мекларен , Британецот Џенсон Батон, додека на второто место се пласираше Шпанецот Фернандо Алонсо од тимот на Ферари.

Фетел, кој е само деветтиот возач во историјата на Формула 1 кој успеал да освои две титули по ред во трката за Големата награда на Јапонија, на патеката во Сузука стартуваше од пол-позицијата, што е 12. пат оваа сезона. 

На четири трки до крајот Фетел има недостижна предност пред Батон во вкупниот пласман на годинешниот шампионат  од 114 бодови.

 Автор:СН/ЕМФ/ртр
 Редактор: Е. М. Фиданоска