1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Фетел убедлив во Јужна Кореја

Актуелниот првак Себастијан Фетел победи на трката во Јеонгам и се искачи на врвот во генералниот пласман на четири трки пред крајот на сезоната.

Себастијан Фетел со болидот на Ред Бул победи на трката за Големата награда на Јужна Кореја и го презеде водството во генералниот пласман во Формула 1. На четири трки пред крајот на првенството, Фетел за првпат сезонава го презеде приматот во генералниот пласман со 215 поени, шест повеќе од второпласираниот Фернандо Алонзо на Ферари, кој денешната трка ја заврши на третото место.

Тоа беше третата победа едноподруго за 25-годишниот Германец, кој сега и дефинитивно ја презеде улогата на главен фаворит за повторно освојување на титулата. Фетел брка хет- трик во триумфи, откако ја освојуваше титулата и во претходните две сезони.

На патеката во Јеонгам Фетел стартуваше од втората позиција, веднаш зад клупскиот колега Марк Вебер, но успеа да го преземе водството веќе на првата шикана и оттогаш до крајот успешно ја одржуваше предноста. Истовремено, тоа

Sebastian Vettel Mark Webber PK Red Bull Südkorea 2012 Qualifying

Себастијан Фетел и Марк Вебер

беше и првата „еден-два“ победа за Ред Бул сезонава, откако Вебер се искачи на второто место на пиедесталот.

На четвртото место се пласираше Фелипе Маса со вториот болид на Ферари, петти беше Кими Раиконен со Лотус, а до десеттото место следуваа Нико Хулкенберг, Роман Грожан, Жан-Ерик Верње, Даниел Рикардо и Луис Хамилтон.

Во генералниот пласман за конструктори води Ред Бул со 367 поени, пред Ферари со 290 и Мекларен со 284.

Следната трка се вози за Големата награда на Индија за две недели.