1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Фетел ризикуваше и доби!

И во втората трка од новата сезона на Формула 1 Себастијан Фетел тргнува од пол-позицијата. Бранителот на титулата во Малезија ги остави зад себе конкурентите со изненадувачки резултат.

За да ја освои 38. пол-позиција во кариерата на Себастијан Фетел од помош му беше дождот во Сепанг. Возачот на Ред Бул возеше речиси како на шини и на конкуренцијата и‘ избега со речиси една секунда предност. „Се‘ направивме како што треба, но сепак сум малку изненаден од предноста“, изјави Фетел. Втор на квалификациите беше Фелипе Маса, а на трето место - Фернандо Алонсо.

Своето брилјантно возење Фетел го прослави прво со стегната тупаница, па со испружен показалец. За да ги зачува чувствителните гуми, тој прво беше воздржан, а потоа на шест минути пред крајот на вториот дел дождот дојде како нарачан. Но, Фетел мора да биде внимателен, зашто и во првата трка во сезоната, во Австралија, ја имаше стартната позиција, а на крајот на трката заврши на трето место, токму поради тоа што гумите му беа прилично „изедени“. Фетел рече: „Знаеме дека возилото ни е најбрзо, но за жал гумите не се толку брзи колку возилото.“ Токму на тоа се надеваат ривалите.