1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Фетел по четврти пат светски првак во Ф1

Германскиот возач во Ф1 Себастијан Фетел победи на Големата награда на Индија и со тоа на три трки пред крајот на сезоната по четврти пат си ја обезбеди титулата светски првак во Формула 1.

Себастијан Фетел, по четврти пат последовно, ја освои шампионската титулата во првенството на Формула 1, откако победи на трката за Големата награда на Индија, со што стекна недостижна предност над конкурентите.

Покрај Фетели неговата екипа Ред Бул ја обезбеди четвртата последовна шампионска титула во конкуренција на конструктори.

Фетел, во Индија ја забележа шестата победа во низа, вкупно 36-та во кариерата, откако стартуваше од пол позицијата и тоа место го задржа до самиот крај.

Младиот Германец е единствениот победник во трката на Индија, која се возеше по трет пат (2011, 2012, 2013).

Фетел со оваа титула застана во редот на великаните на овој спорт, уште само Хуан Мануел Фанџо и Михаел Шумахер освоиле четири титули по ред, а четирикратен шампион во Формула 1 уште е и Алан Прост.

Трката во Индија донесе помалку чудни тимски стратегии, кои на Грожан му овозможија од 17-то да стигне до третото место. Трката не ја заврши Марк Вебер, поради проблеми со болидот, тој во моментите кога ја имаше втората позиција се откажа од трката. Фернандо Алонсо не освои бодови, откако имаше проблеми со болидот, по контактот со Вебер уште во првиот свиок.

Покрај Фетел место на подиумот изборија Нико Розберг (Мерцедес) и Роман Грожан (Лотус), додека бодови во Индија освоија и Маса (Ферари), Перез (Мекларен), Хамилтон (Мерцедес), Раиконен (Лотус), Ди Реста (Форс Индија), Сутил (Форс Индија), Рикардо (Торо Росо).

До крајот на сезоната остануваат уште три трки Абу Даби (3.ноември), Остин, САД (17.ноември) и Сао Паоло, Бразил (24.ноември).

DW.COM