1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Фетел не запира со уривањето рекорди

И покрај тоа што предвреме ја обезбеди и четвртата титула во Формула, Себастијан Фетел се‘ уште е „гладен“ за победи. По триумфот во Тексас, шампионот најавува атак на тронот и на последната трка во Бразил.

Шампионот во Формула 1 Себастијан Фетел од тимот на Ред Бул оствари уште една победа, вкупно осма по ред откако синоќа триумфираше на патеката во Остин на трката за Големата награда на САД.

Германецот од самиот старт ја имаше водечката позиција и без проблеми стигна до победата со што го надмина рекордот на својот сонародник Михаел Шумахер, кој го држеше со седум победи едноподруго. За Фетел ова е 12.та победа сезонава или 38-ма во кариерата. Второто место му припадна на возачот на Лотус Роман Грожан, додека трет заврши Марк Вебер од Ред Бул.

Луис Хамилтон од Мерцедес заврши на 4.место, а петти целта ја мина Фернандо Алонсо со Ферари, кој го издржа пристокот на Нико Хулкенберг од Заубер во последните неколку кругови.

Фетел по трката изјави дека никогаш „не му е досадно да победува“ и дека е горд на новата победа со која е урнат уште еден рекорд. Четирикратниот светски првак најави дека ќе атакува на победата и на последната годинешна трка во Бразил, во обид да го израмни рекордот на Шумахер од 13 победи во една сезона.

Во генералниот пласман во пресрет на последната трка Фетел има 372 бода, Алонсо 227 и ги имаат обезбедено првите две места. Хамилтон е трет со 187, Кими Раиконен (кој нема да вози во Бразил) има 183, а Марк Вебер 181. Кај конструкторите води Ред Бул со 513 бодови, Мерцедес има 334, Ферари 323, а Лотус 297. Последната трка за вози во Сао Паоло за ГН на Бразил на 24 ноември.