1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Фетел ита кон нова титула во Формула 1

Светскиот шампион во Формула еден, Себастијан Фетел, се чини вози со голема брзина кон новата титула во светски ранг. Тој денеска победи на трката за Големата награда на Индија.

Возачот на Ред Бул, Себастијан Фетел, до четвртата последовна победа стигна со време од 1:31:10.744 часа. Второто место му припадна на Фернадо Алонсо, кој со своето возење во Индија е победник на денот. Шпанецот трката ја започна од петтото место, во вториот круг ги мина пилотите на Мекларен, Хамилтон и Батон и до 48-от круг водеше борба со Марк Вебер за второто место. Вебер на крајот заврши на третото место, Хамилтон и Батон се пласираа на четвртото и петтото место.

По трката во Индија Фетел ја зголеми предноста во однос на Алонсо. Тој има 240 бодови, односно 13 повеќе од возачот на Ферари. Фетел денеска демантираше дека има намера да го смени тимот и да вози за Ферари. „Понекогаш во печатот има глупости. Стопроцентно сум поврзан со Ред Бул и тие со мене. Во моментов не можам да бидам посреќен“, изјави Фетел во Индија.

Следната трка, 18-та во шампионатот на Формула 1, ќе се вози за една недела во Абу Даби.