1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Фестивал на немиот филм

Од петти август во Бон се одвиваат меѓународни денови на немиот филм. Ќе бидат прикажани филмови кои ретко можат да се видат, а доаѓаат од архивите од целиот свет. Орагнизаторот Штефан Дреслер се потруди на фестивалот да се најдат помалку познати филмови:

20 години домаќин на фестивалот на немиот филм - Бон

20 години домаќин на фестивалот на немиот филм - Бон

И покрај тенденцијата за се поспектакуларните филмови од Холивуд немите филмови имаат публика и во овој 21 век. Тоа го потврдува успехот на меѓународниот фестивал во Бон во рамките на серијата што го носи името “Летно кино“. Организаторот Штефан Дреслер за причините на проектот:

“Летното кино го формиравме пред 20 години, зашто тогаш беше нешто посебно да се гледаат филмови на отворено. Мојата намера беше да прикажеме филмови што никој не ги познава и што не можат да се видат во нормално кино. Меѓу немите филмови има многу што се малку познати. Но, моравме да избереме такви што ќе функционираат кај публиката без таа да има големи предзнаења. Тоа беше критериумот. Вториот беше изборот на многу различни филмови за да се отстрани клишето дека сите неми филмови се исти“.

Бонскиот фестивал во меѓувеме стана толку познат што во целиот свет предизвика реставрација на стариот филмски материјал. Многумина гледачи се изненадени од слободата на некои филмови од 20-сеттите години. Но, дали се и денес разбирливи? Дреслер смета – да:

“Мислам дека филмовите вкупно се разбирливи. Токму подоцнежните неми филмови ја перфекционирале уметноста своите стории да ги раскажат чисто визуелно. Денес многу луѓе се чудат зошто не може да се види таква естетика“.

Еден од главните елементи на овие филмови е музиката. Таа зборува за карактерот на артистите и за нивната моќ на изразување. Пијанистот Аљоша Цимерман вели дека со добрата музика воопшто не се чувствува недостигот на зборовите:

“Филмот стои врз пет столбови: режија, глума, сценарио, камера и музика. Кај немите филмови важи познатата изрека ’каде што завршуваат зборовите, почнува музиката’. Таа натаму ги раскажува сликите“.