1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Ферхојген уште повеќе го заостри тонот кон Турција

Евро комесарот за проширување Гинтер Ферхојген вчера го повика на разговор турскиот амбасадор при Унијата Огуз Демиралп

default

По средбата Ферхојгемн изјави дека очекува од владата во Анкара да ја разјасни ситуацијата околу спорната реформа на казнениот законик, чие донесување во турскиот парламент беше одложено. Летната пауза на турските парламентарци завршува дури на 1 октомври.

Веќе на 6 октомври треба да биде готов извештајот на надлежниот комесар за проширување Гинтер Ферхојген. Тој ќе биде подлога за судбинската одлука на шефовите на држави и влади на ЕУ за тоа дали и кога ќе почнат преговорите за прием на Турција. Ферхојген нагласи дека одложување на извештајот не доаѓа предвид. Реформата на турскиот казнен законик според неговата оцена ќе има големо влијание врз два од критериумите за пристапување кон ЕУ. Првиот е владеењето на правната држава и со неа поврзаната заштита на темелните права на човекот, а вториот е заштитата на слободата на мислење и казнувањето на измачувања.

Затоа Ферхојген немаше разбирање ни за аргументите на амбасадорот на Турција, кој оцени дека Брисел се меша во внатрешните работи на официјална Анкара:

“Обвинувањето за мешање во внатрешните работи на една држава тешко може да опстои кога таа сака да биде членка на ЕУ. Не сакаме ние да и се приклучиме на Турција, туку таа сака да и се приклучи на ЕУ. Станува збор за тоа дали Турција ги исполнува нашите стандарди и вредности, а не за тоа дали ние ги исполнуваме нејзините стандарди“ - без влакна на јазикот порача надлежниот евро комесар за проширување.

Одговорот на Ферхојген на изразената надеж на амбасадорот Демиралп дека одложувањето на реформата нема негативно да се одрази врз извештајот на Европската комисија за напредокот на Турција не беше ништо попријатен. За тоа тој ќе разговара со неговите колеги од Комисијата – нагласи Гинтер Ферхојген.