1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

70 години Втора светска војна

Ферид Мухиќ, универзитетски професор, филозоф и публицист

Откако за прв пат го слушав Дојче Веле радио, пред 20-ина години, во мојот секојдневен живот трајно влегоа две нови работи.

Можеби некој ќе смета дека тоа не е голема работа, бидејќи секојдневниот живот, божем и не бил кој знае што. Но, тоа е се‘ што имаме. Животот и е само сума на сето она што ни се случува секој ден! А Радио Дојче Веле, како што реков, внесе две нови содржини во тоа секојдневно случување наречено - мојот живот!

Првата е можноста редовно да ги следам најзначајните настани од целиот континент, пренесени коректно, професионално, објективно, а сепак, со јасна универзална хуманистичка порака, сместена во конкретниот цивилизациски вредносен систем. Европските заложби за дијалог меѓу културите и промовирање на највисоките социјални идеали, дестилирани низ призмата на Германија во презентацијата на Дојче Веле, ги изостри моите критериуми и ги прошири моите хоризонти. Ме привлече и тоа што Дојче Веле радио ми ги доближи Германија и германските аксиолошки перспективи, фокусирани врз слободна и рамноправна креативна комуникација меѓу културите.

Вториот момент беше  привилегијата, благодарение на  довербата од Редакцијата на Дојче Веле, повеќе пати да го соопштам моето скромно мислење за некои настани, процеси и поводи преку брановите на една од најзначајните европски и светски медиумски куќи.