1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Феноменот Обама и во Македонија?

Неодамнешна анкета покажа дека македонските граѓани се подготвени да гласаат за претседател од различна етничка припадност. Дали на идните избори во земјата може да се случи американската приказна?

default

Според експертите, успехот на идниот американскиот претседател Обама предизвика промена на свеста кај луѓето

Граѓаните на Македонија се подготвени да гласаат за кандидат за претседател на државата од различна етничка припадност, тие се подготвени за ’македонскиот Обама“ – ова е бомбастичниот заклучок, кој го извлекува Центарот за истражување и креирање политики од Скопје од последната анкетата спроведена врз 1100 испитаници. Според неа, 68 испитаници, Албанци и 50% испитаници Македонци одговориле дека се подготвени да гласаат за претседателски кандидат од друг етникум, ако нуди добра програма.

Експертите со поделени ставови

Дали е реално можно на следните претседателски избори во Македонија да се случи американскиот феномен Обама? Претседателот на Центарот за истражување и креирање политики доктор Жидас Даскаловски смета дека граѓаните во Македонија се веќе подготвени за претседател кој е од друга етничка припадност. „Но, на овие претседателски избори е тешко веројатно тој да биде од албанска етничка припадност“ заклучува Даскаловски.

Константин Миновски, професор по социологија на етничките групи на државниот универзитет во Скопје има поинаков став: „Не можам да искажам таков оптимизам и во однос на споредбата којашто се прави овде со Обама. Тука сепак има има некаква разлика“, вели Миновски кој исто така не очекува дека ќе се случи такво нешто на следните избори.

Mazedonien Wahlen 3

Македонија до година избира претседател

Според Али Пајазити, професор по социјална антропологија на Штуловиот универзитет во Тетово, „ граѓаните почнуваат да констатираат дека квалитетот на животот не е поврзан со нацијата и национализмот, туку со програмата и со визијата што ја има една личност за иднината на општеството и државата“.

За граѓаните е важна компетентноста на личноста

Во мини анкетата на Дојче Веле спроведена во Тетово, иако мал дел сепак има граѓани кои искажуваат готовност да гласаат за кандидат кој е компетентен, независно од тоа од која етничка припадност. “Треба да ги разбиеме етничките предрасуди, што ги имаме“, вели овој човек кој е од македонска етничка припадност. Сепак поголемиот дел од анкетираните Македонци се категорични дека не би гласале за кандидат од друга националност. Дел од Албанците од Тетово велат дека не им е важно дали е Македонец или Албанец, туку е важно тој да работи за доброто на државата. „Во една мултиетничка држава најважна би требало да биде програмата“, вели овој тетовец.

Вистински позитивен чекор во меѓуетничките односи?

Дали споменатата анкета на Центарот за истражување и креирање политики покажува ли таа дека се топи мразот во меѓуетничките односи или е само една минлива осцилација во јавното мислење во Македонија, која сепак, да се повтори на претседателските избори во 2009 година?

Политикологот Жидас Даскаловски вака одговара на овие дилеми: „Македонија е земја која ги вклучува сите етнички заедници внатре во системот.

Tetovo, Mazedonien

Тетово

Има некои недоразбирања, но, тие не се нерешливи. Значи системот ги апсорбира. Тие ќе се намалуваат уште повеќе, ако Македонија продолжи со оваа инклузивна политика. Етноцентризмот е намален во однос од пред десет години.“ Според професорот Миневски пак во земјата има класична поделеност, особено во албанската етничка група.

„Почнуваме да градиме мостови, наместо ѕидови, кои ги одвојуваат припадниците на различни етнички и религиозни заедници, што значи ослободување од стереотипите и клишеата“, заклучува професорот од Штуловиот универзитет, Пајазити.

Времето ќе го каже своето, а македонските граѓани веќе напролет вгодина.