1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Феноменот Меркел

Таа е особено штедлива со емоциите и нејзините говори не се полни со жар. Но, Германците и покрај тоа имаат добро чувство со канцеларката и бараат континуитет.

„Ангела Меркел е интелигентна и вредна“ вели биографот на Меркел Жаклин Бојзен. Таа е непоткуплива и тоа ја чини нејзината висока популарност. Но, тука е и уште нешто друго, што Германците го ценат кај Меркел: Во една студија на Рајнголд институтот во Келн психолозите, кратко пред парламентарните избори, го испитуваа расположението на Германците и прашаа, по што копнеат германските граѓани.

По финансиската и кризата со еврото тие пред сѐ копнеат по континуитет, ориентација и мир. „Тоа е токму она што мислат дека го нашле кај Ангела Меркел“, вели Томас Киршмајер од Рајнголд институтот. За нив Ангела Меркел е цврсто копно среде разбранувано море.

Bundestagswahl Reaktion CDU Ursula von der Leyen Angela Merkel

Ангела Меркел по третпат ја доби довербата на гласачите

За Меркел во преден план е работата, кај неа никогаш не е во прашање нејзиното его, вели експертот за Меркел Бојзен во интервју за ДВ. „Нејзе ѝ се верува дека не сака да остане на власт само поради моќта“. Нејзе ѝ се верува кога на почеток на еден легислативен период ја кажува реченицата: Сакам да ѝ служам на земјата.

Меркел како огледало на Германците?

На годинешниве парламентарни избори германските граѓани се погрижија Ангела Меркел и нејзината ЦДУ да освојат речиси осум проценти повеќе гласови во однос на последните избори. Дали тоа е можеби поради тоа што Ангела Меркел е огледало на Германците?

„Во странство тоа радо се гледа така“, вели биографот на Меркел, „бидејќи Меркел отелотворува доблести како точност и прагматизам“. Освен тоа таа се смета за доверлива личност. Многу граѓани на Германија ја ценат смиреноста на Меркел да донесува одлуки, вели Киршмајер во интервју за ДВ.

Обвинување: Таа чека да минат проблемите

Но, критичарите токму тоа ѝ го префрлуваат на Меркел. Томас Оперман од парламентарната група на СПД и‘ префрлува на пример на Меркел дека таа чека да поминат сите проблеми и исто така во аферата со прислушување околу програмата Призма го испрати министерот за внатрешни работи Ханс Петер Фридрих, а лично се произнесе дури неколку недели подоцна. Друга точка на критика: канцеларката е премалку визионер и никогаш не појаснува каде треба да водат нејзините одлуки.

Но, токму тоа го одбележува делувањето на канцеларката, смета биографот на Меркел, Бојзен: „Таа е целосно неидеолошки настроена и не е врзана на старите традиции, кои ѝ ги пропишува партиската програма“. Таа ја искористи токму оваа слобода, за да ја модернизира својата партија: Со воведување на парите за родителите, со укинување на воената обврска и откажувањето од атомската енергија.

Оваа доверба во канцеларката не можеа да ја разнишаат нејзините критичари од другите политички партии како СПД и Зелените. Поранешата претседателка на Зелените Клаудија Рот на пример и‘ префрли на Меркел дека водела изборна борба со валиум и вакуум, за спорните теми колку што е можно да ги пренасочи. Германските граѓани меѓутоа поинаку гледаа на ова. Тие според студијата се чувствуваат добро со Ангела Меркел на чело на Републиката.

„Мама Меркел“ треба да ја заврши работата

Оттука не без причина многумина ја гледаат како мајка на нацијата, „Ангела Меркел има нешто мајчинско. Повеќе или помалку таа ги држи нејзините заштитнички раце над земјата“, вели Кречмајер. Иако Ангела Меркел нема деца таа го доби прекарот „Мама“ ("Mutti") од сопствената партија. „Мути“ на почетокот беше во негативен контекст. Во меѓувреме „Мути“ доби позитивна конотација, „оти очигледно избирачите и граѓаните имаат доверба во Ангела Меркел: Таа се грижи“, вели експертот за Меркал, Бојзен.

Сега Ангела Меркел како сојузна канцеларка се грижи за секојдневните работи и ги сондира можните коалициони партнери. Биографот на Меркел не очекува дека во Берлин може да биде формирана црно-зелена коалиција, но: „На Ангела Меркел едно ѝ успеа низ сите овие години: Таа нѐ изненади“.