1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Фени - македонски баскет-лидер

На половина од македонското кошаркарско првенство Фени Индустри е речиси недопирлив на водечката позиција со само еден пораз во 18-те одиграни кола досега.

default

Емил Рајковиќ, тренер на Фени индустри, актуелниот македонски кошаркарски првак

Силата на Квадарчани во неделата ја почувствува токму Работнички, среде Скопје со депримирачките 67:92! Емил Рајковиќ, тренерот на Фени и самиот како да беше затечен од лесно освоената скопска кошаркарска тврдина.

„Одигравме навистина добар натпревар, мислам дека оваа висока разлика не е вистинско мерило на квалитетот на екипите. Работнички е доста посилен од ова издание вечерва.“

Титулата останува во Кавадарци?

Како се одвиваат настаните во кошаркарското првенство на Македонија Фени е на добар пат да ја одбрани титулата. Рајковиќ вели дека тоа е главната резултатска цел во сезоната, но сеуште е далеку периодот на разигрување,

„Ние работиме за тоа, работиме многу, напорно и ќе дадеме се од себе да го повториме тој успех.“

Тренерот на Фени за главен опонент го смета МЗТ Скопје, со респект гледајќи на новостите кои доаѓаат од салата во Јане Сандански.

„Знаеме дека во МЗТ како играч-тренер и советодавец се појавува нашата легенда Петар Наумоски, кој сепак и на 42 години треба да се респектира неговото кошаркарско знаење. Слушнав дека до крајот на преодниот рок ќе се засилат со уште неколку играчи, така што и тие ќе бидат сериозен конкурент. Мислам дека ова првенство ќе биде доста интересно.“

Фени во Африка

Фени Индустри, инаку деновиве се врати од Северна Африка од Тунис и Мароко, каде што учествуваше на интересни кошаркарски турнири.

Mazedonien Basketball Trainer Emil Rajkovic

Рајковиќ се надева на успех на македонската репрезентација на претстојното ЕП

„Тој турнир, тој шампионат на градот Сале, спонзориран од кралот на Мароко, беше одлична можност да се измериме, да видиме до каде сме против играчите од Африка и против две многу квалитетни екипи од Европа: Перлас од Литванија и Париз Левалоа од Франција. Завршивме добра работа, неколку натпревари победивме, неколку загубивме тесно, на пример од Париз Левалоа кој што вчера го победи најдобриот тим од Франција.“

Верувам во македонскиот состав на ЕП

Ова е година на одржување на Европското првенство во Литванија. Во составот на Фени играат и неколкумина македонски репрезентативци. Вака Рајковиќ ја оценува нивната форма.

„Јас сум задоволен од Соколов и Стојановски тие се стандардни репрезентативци. Од Стојановски сум навистина задоволен зошто помага во одбраната, го има во нападот, еден комплетен играч кој многу значи за мојата екипа во моментов.“

Неодамна беше извлечена жрепката за групите од првата фаза на европското првенство. Грција, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и уште еден квалификант ќе бидат првите противници. Вака Емил Рајковиќ, екс- репрезентативец го коментира друштвото во кое се најде Македонија.

„Тие се добри кошаркарски земји, но во лето никогаш не се знае во каков состав ќе излезат на ЕП. Може да има повреди и откажувања во репрезентациите така што не треба да се сфаќа страшно таа група. Мислам дека со максимални напори, со присуство на сите играчи и со добар тренинг ќе може да се направи позитивен резултат, јас верувам во играчите.“

Автор: Златко Калински

Редактор: Борис Георгиевски