1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Федерер повторно прв на АТП листата

По седмиот триумф на „неофицијалното Светско првенство во тенис“ во Вимблдон, Швајцарецот Роже Федерер се врати и на врвот на листата на најдобри тенисери во светот.

Роже Федерер кој вчера (08.07) ја освои седмата титула на Вимблдон, од денеска и официјално се врати на првото место на АТП листата.
Федерер од првото место го потисна Новак Ѓоковиќ, кој светски рекет беше една година и една недела. Предноста на врвот која Федерер ја има во однос на Ѓоковиќ изнесува само 75 бодови.
Федерер последен пат број 1 беше на 7. јуни 2010 година, кога на врвот го наследи Рафаел Надал.

Сигурно против Мареј во финалето

Инаку во финалето на Вимблдон, Федерер го совлада Британецот Енди Мареј со 3:1 во сетови. Првиот сет му припадна на домашниот тенисер со 6:4, што за Мареј воедно претставуваше прв освоен сет во едно Грен слем финале.


Федерер ја поправи играта во вториот сет и не му дозволи на противникот при 3:3 да направои брејк, а до крајот успеа со 7:5 да изедначи на 1:1 во сетови. Поради дождот во третиот сет имаше мал прекин на натпреварот кој продолжи со сигурна игра на швајцарскиот тенисер кој ги доби третиот и четвртиот сет со 6:3, односно 6:4 за конечен триумф на Вимблдон.
Освен Федерер, по седум титули од терените во Лондон имаат и Американецот Пит Сампрас и Британецот Вилијамс Реншо.

Една промена меѓу првите 10

Победата на Вимблдон беше 17-та Грен слем титула за Роже Федрер. Тој се израмни со Пит Сампрас според бројот на недели минати на врвот на АТП листата, вкупно 286. Федерер со 30 години и 335 денови е вториот најстар тенисер кој се наоѓа на чело на АТП листата.
Најстариот тенисер кој бил број 1 е Андре Агаси, тој прв на АТП листата бил со 33 години и 131 ден.
Рафа Надал и покрај раната елиминација на Вимблдон го задржа третото место, додека финалистот на третиот Грен слем турнир во сезоната, Енди Мареј остана на четвртата позиција.
Меѓу првите десет на АТП листата има само една промена, Николас Алмагро од 10-то место го потисна Џон Изнер.
Од петтото до десеттото место следуваат Давид Ферер, Жо-Вилфред Цонга, Томаш Бердих, Јанко Типсаревиќ, Хуан Мартин дел Потро и Николас Алмагро.